Почетна / Вести Свет / Глобалните цени на храната се ближат кон историскиот максимум

Глобалните цени на храната се ближат кон историскиот максимум

По три квартали последователен пад, глобалните цени на храната во мај и во јуни пораснаа и се прибижлија до историскиот максимум, се констатира во извештајот на Светската банка.

Во него стои дека некои земји со висока стапка на сиромаштија и ниска мрежа на заштита на оваа хронична нестабилност ќе одговорат со соодветно зголемување на субвенциите за храна, но тоа е често контрапродуктивно.
– Лошо дизајнираните програми за субвенционирање на храната, недостигот на транспарентност и одговорност во спроведувањето не им користат на сиромашните. Овие програми може да биде многу скапи и подложни на корупција и на нив се трошат и така малите фискални ресурси на сиромашните земји – изјавува заменик претседателот задолжен за намалување на сиромаштијата во Светска банка, Хајм Саверда, кој додава дека потребни се реформи на овие програми за субвенционирање, за да дојдат парите таму каде што се најпотребни.

Моменталните цени на пченицата покажуваат дека светското производство оваа година се опорави од ланскиот пад. Цените на оризот се во скромен пад кој се должи на поголем број фактори, како добрата жетва во Тајланд и Виетнам, која ја пополни зголемената побарувачка и намалените резерви во Индија, Пакистан, САД и во Јужна Америка.

Светска банка во извештајот констатира дека се уште постои неизвесност на меѓу
народниот пазар како резултат на неповолните временски услови во северна и во централна Европа, Русија и Кина, како и поради состојбата во Египет, бидејќи земјата е најголемиот увозник на пченица во светот.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …