Почетна / Сточарство / “Фејсбук за крави”- апликација за сточари

“Фејсбук за крави”- апликација за сточари

Хрватски софтверски експерти имаат необична и многу успешна апликација “Farmeron”, софтверска алатка дизајнирана за анализа на земјоделското производство.

Овој “Фејсбук  за крави”, како што го нарекуваат, во август обезбеди 1.4 милиони инвестиции за примарна цел за понатамошен развој на тој производ. Таа е наменета за сите оние кои се вклучени во млечно или товно сточарството, а се користи за унапредување на производството.

Farmeron денес е производ што се користи од страна на стотици фарми во повеќе од 14 земји, а тој број постојано расте.

Компанијата доаѓа од Осијек, а потекнува од идејата на Matije Kopić, кој има направено софтверската алатка со цел на семејната фарма да ги намали трошоците за следење на производството на млеко.

Kopić е роден и израснат на фарма во Хрватска. Во текот на неговите студии тој сфатил колку време неговиот татко залудно трошел за да добие одредени информации од фармата.

Благодарение на неговата апликација, која многумина го опишуваат како “Google Analytics фарма” или “Фејсбук за крави”, информации како што се здравствената состојба на животните, тежина, репродукција и квантитетот на производството на млеко, земјоделците ги добиваат во реално време, преку графици и дијаграми.

 Системот е дизајниран да работи “во облак”, што значи дека, за оние кои го користат, е на располагање во секое време, од било кое место во светот и преку било кој дигитален уред поврзан со интернет.

Farmeron се користи на 450 фарми во 14 земји,а  оваа млада компанија нема ниту десет вработени. Покрај тоа, сите се помлади од 30 години.

Компанијата има склучено договор со германската компанија”Neelsen Agrar”, која ќе го користи нивниот систем на своите големи фарми, со што бројот на земји во кои овој софтвер се користи ќе се зголеми двојно.

Check Also

БиМилк ги отвора вратите за посетители

Најголемата домашна млекарска индустрија БиМилк утре од 11 до 13 часот ќе ги отвори вратите …