Почетна / Вести Македонија / Ќе се даваат под закуп 627 хектари државно земјиште

Ќе се даваат под закуп 627 хектари државно земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави јавен повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште во регионите Гевгелија, Неготино, Делчево, Ресен, Битола, Валандово, Берово и Свети Николе, за вкупна површина од над 627хектари.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е: подигање на маслинарници за период до 50 години; подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години; спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години; рибници за период до 20 години; одгледување на други земјоделски култури  за период до 15 години; ливади за период до 15 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.

Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да  аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации.

Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата, должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Понудите по овој јавен оглас заинтерситаните треба да го достават до Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство во рок од 20 дена од денот на објавувањето на истиот.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето со овој оглас, за подигање на маслинарници е за период до 50 години, а за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години. За спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, огласените површини ќе се даваат под закуп до 30 години, за рибници до 20 години. Петнаесет години, согласно критериумите во огласот, е предвидено да изнесува времетраењето на закупот на државното земјоделско земјиште за одгледување на други земјоделски култури и за ливади.

Заинтересираните субјекти увид во податоците за секоја површина од земјоделското земјиште кое се нуди со овој оглас можат да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Гевгелија, која е надлежна за огласената површина.

Образецот за учество на јавниот оглас заинтерсираните субјекти може да  го подигнат во подрачните единици на Министерството.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …