Компанијата Џек Даниелс (Jack Daniel’s), позната дестилерија од сојузната држава Тенеси, за прв пат уште од времето на прохибицијата во САД презентира безбоен виски.
Пијалакот ќе имаат мирис кој потсетува на овошје, силен и остар вкус и содржи 70 % ‘рж, 18 % пченка и 12 % јачмен.
Џеф Aрнет од Џек Даниелс ветува дека новата формула ќе обезбеди ново и уникатно искуство.
“Ние веруваме дека сите љубители на виски уживаат во откривање на нови и уникатни вкусови”, вели Арнет.
Бојата на вискито е резултат на процесот на созревање и често зависи од бурето во кое созревало. Бојата некогаш се добива и со додавање на карамела.
“Имаме произведено релативно мала количина, со цел да експериментираме. Еден дел оставивме да созрее ако одлучиме да го продаде пијалакот во иднина”, изјави Арнет.
Цената на овој безбоен пијалок се очекува да биде околу $ 50 за шише и во продажба би требало да се најде идната година пренесува Daily mail.