Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
Повикот се однесува на мерките економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност – инвестиции наменети за воспоставување задруги со претежна дејност од област на земјоделството на кои им е одобрена програмата за работа од Министерството за земјоделство и помош за вршење земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина – инвестиции предвидени за надомест на трошоци за номадско одгледување овци, кози и говеда во висина од 80% од просечната бруто плата во дејноста за период од 01.11.2011 до 30.10.2012 година за вработено лице.
Крајниот рок за аплицирање е 26 ноември 2012.
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија