Почетна / Органско производство / Здружено одгледување

Здружено одгледување

Комбинирајќи ги растенијата на правилен начин е добро за нивниот раст, развиток и здравје, како и за естетскиот изглед. Преку овој краток водич ќе ви објасниме кои видови да ги комбинирате и кој се предностите.

 

Креирање на растителни заедници за заедничка корист е стара градинарска традиција. Здруженото одгледување не е само за контрола на штетниците. Со внимателно комбинирање на растенијата може да си помагаат едни со други во однос на обезбедување на хранливи материи од почвата, заштита од ветер и сонце, како и со привлекување на корисни инсекти или одбивање на штетните.

  • Одгледувајте џунџулиња (Tagetes Patula)помеѓу доматите. Тие испуштаат силен мирис кои ги одбива зелените и црните растителни вошки.
  • Посадете жалфија (Salvia Officinalis) помеѓу моркови или растенија од фамилија Brassicaceae (зелкари), тие имаат силен мирис и ќе си одбиваат штетниците меѓусебно.
  • Одгледувајте Драгољуб (Tropaeolum majus) заедно со зелка, гасениците ќе ја напуштат зелката бидејќи тој е магнет за гасеници.
  • Лук посаден помеѓу рози ќе ги штити од растителни вошки.
  • Морковот и празот се штитат меѓусебно од бројни штетници. Празот го штити морковот од морковата мува, а морковот го штити празот од кромидовата мува и празовиот молец.

 Внимавајте растенијата да ги посадите во исто време за да не им дадете можност на штетниците понатаму да се развиваат.

 

Сл.1 Џунџуле (Tagetes Patula)

 

Сл.2 Жалфија (Salvia Officinalis)

 

Сл.3 Драгољуб (Tropaeolum majus)

 

Сл.4 Здружено одгледување на морков и праз

 

 

Сл.5 Здружено одгледување на лук и рози

Автор: www.agri.mk