2 милијарди тони храна, или половина од сè што во светот купуваат луѓето за јадење, завршува во канта за ѓубре.
Институтот за механичко инженерство од Британија објави дека причина што се фрла толку многу храна е нејзиното лошо складирање, строгите правила за продажба до истекот на рокот на траење, како и пребирливоста на потрошувачите.
„Овие податоци се вознемирувачки бидејќи сета таа храна би можела да се користи за прехранување на популацијата, посебно денес кога владее голем глад. А и непотребно се трошат ресурсите што се користат за производство и дистрибуција на храна,“ стоело во студијата.Во неа се заклучува и дека 550 милијарди кубни метри вода се трошат за одгледување култури кои не завршуваат на ничија трпеза. Од ОН предупредуваат дека до 2075-та на Земјава ќе има повеќе барем 3 милијарди луѓе кои ќе треба да се нахранат.
Извор: http://on.net.mk/vesti/svet/svetot-gladuva-hrana-se-frla
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија