Почетна / Вести Свет / 2.000 тони печење, изедено

2.000 тони печење, изедено

За време на божиќните празници Србите се гостеле со околу 2.000 тони прасечко месо. Килограм прасечко содржи и до 2.100 вишок калории.

Се смета дека повеќе од половина жители на Србија (околу 4 милиони луѓе) за врема на Божиќ изеле барем по половина килограм месо од прасе, калкулираат од Стопанската комора на Србија.

„Во Србија годишно се јаде околу 20 килограми свинско месо по глава на жител. Сигурно за Божиќ се консумира минимум половина, ако не и килограм прасечко по човек,“ изјавил Милан Простран, советник во Стопанската комора на Србија.

Познатиот српски нутриционист Љубомир Пфаф изјавил дека килограм прасечко месо во себе содржи и до 2.100 вишок калории.

„Нашите луѓе сакаат да се пофалат дека имаат, па на маса ставаат прасе, без оглед дали ќе го јадат тројца или десетина луѓе. Навистина претеруваме во сè сешто, и потоа кога ќе дојде Божиќ – навали како луди, најчесто на мрсна храна,“ рекол Пфаф.

Извор: http://on.net.mk/vesti/balkan/2000-toni-pechenje-izedeno

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …