Почетна / Вести Свет / Цените на храната се стабилизираат

Цените на храната се стабилизираат

Глобалните цени на храната во февруари останаа на непроменето ниво во однос на претходниот месец, додека родот на пченицата во оваа година треба да порасне за 4,3 процентни поени, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната, кој го прави ФАО, задржан е во февруари на 210 поени, на исто ниво како и во јануари и за пет поени под нивото од февруари 2012 година.

Цените на житариците и шеќерот паднаа, цените на местото останаа на ниво, додека цените на млечните производи се зголемија, како последица од бранот на топлото време во Австралија. Се прогнозира дека производството на пченица ќе порасне на 690 милиони тони во 2013 година, што би било втор рекорден глобален род на пченицата. Тоа е резултат на зголемената сеидба во Европа и ширењето на полињата на некои големи производители, како што се Русија и САД.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …