Министерството за финансии ја исплати субвенцијата за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко во износ од 215,8 милиони денари на 7.808 сточари. Притоа на 4-ти овој месец се исплатени 31,5 милиони денари, а вчера беа исплатени преостанатите 184,3 милиони денари.
Како што соопшти Министерството за финансии, висината на поддршката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 проценти за подрачја со отежнати услови за производство.
– Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, продолжуваат со поддршката на земјоделството и одржување на ликвидноста во стопанството – наведуваат од Финансии.