Азалеа

Азалеата е цветна грмушка од родот на Rhododendron. На почеток азалеите биле класифицирани како посебен вид , но денес се познати како два од осумте познати подвидови на рододендрон – Pentanthera  (листопадни) и Tsutsuji(зимзелени).

Азалеата цвета во пролет. Претпочита влажни планински региони, цвета обилно, а цветовите се сушат неколку недели подоцна. Ова растение нема потреба од толку многу сонце, колку другите од родот на рододендрон. Во природни услови расте во близина на дрвја, често и под нив самите.

Разлики

Основна разлика меѓу азалеата и останатите растенија од родот на рододендрон е големината. Друга разлика е распоредот на цветовите – кај другите рододендрони цветовите се распоредени во китки по гранките, додека кај азалеата цветовите се врвот на гранките. Цветовите на азалеата се отвараат во исто време и имаат трајност неколку недели. Исклучок прави една мала група азалиеи која цвета во “гроздови”.

Култивирање

 Азалиите се култивирани за време од стотици години, а денес преку генетски модификации и вкрстување,  се познати над 10 000 различни видови. Се размножуваат се исто така и со семе.
Растението се развива најдобро во добро дренирана  почва, може во саксија, преферираат засенчени и ладни места. Претпочитаат почви со слаба киселост од 4.5 до 6 pH. Повеќето видови имаат потреба од постојано кастрење и малку прихранување. Познато е дека не сакаат често пресадување бидејќи корените им растат исклучително бавно.

Заболувања

Кафеавото гниење може да биде фатално за лисјата на растенијата во рана пролет. Препорачливо е заразените листови да се отстранат рачно и да се третира со фунгициди.

Занимливости

Ова е цветот на астролошкиот знак стрелец.
Азалеата е отровна за коњите, овците и козите, но не и за мачките и кучињата.
Во Кореја се произведува традиционална алкохолна напивка наречена Tugyonju – во буквален превод “вино од грозјето на азалеа”.
Во кинеската култура азалеата е позната како “мисла за домашната грмушка” (xiangsi shu) и е овековечена во поезијата на Фу Ту.

Автор: www.agri.mk

Check Also

Аспидистра (lat.Aspidistra elatior)

  Ова растение со темнозелени листови може да поднесе речиси сè. Трпи сенка, чад, а …