Ова растение со темнозелени листови може да поднесе речиси сè. Трпи сенка, чад, а нема да ви замери и ако заборавите да го полеете со вода.
Сместете го на засенето место, без директни сончеви зраци, бидејќи ќе му останат жолти дамки на листовите.
Полевајте го во лето на секои 4-5 дена, а во зима еднаш седмично. Најдобро е да ја пипнете земјата, па ако е засушена, тогаш да му ставите вода.
Не мора да го прихранувате. Пресадете го секоја втора година бидејќи има ризом кој полека расте, и не му е потребна многу земја. Дури и подобро ќе се развива во мала саксија.
Се размножува во пролет, со делење на ризомот. Секој дел треба да има барем два листа.
Чистете го само со вода, без средства за поголем сјај на листовите, бидејќи тие трајно ќе го оштетат.
Ако живеете во подрачје каде не се многу ниски температурите во зима, може да го насадите и во градината.