Алиум

Алиум е род, кој опфаќа повеќе од 1200 видови, барем 30 од кои се користат за храна, вклучувајќи кромид и лук. Сега нас повеќе не интересираат декоративните видови кои се повеќегодишни луковични растенија со цветови собрани во соцветија.

Потекнуваат главно од умерениот појас на северната хемисфера, иако има и исклучоци со потекло од Чиле, Бразил, тропска Африка, Америка. Луковиците варираат во димензии од само 2-3 mm, до 8-10 cm во дијаметар, исто така варираат и во големината – од само 5 cm до вистински гиганти кои достигнуваат и до 1,50 m.
Повеќето алиуми претпочитаат место кое е сончево и заштитено од ветар, почвата да е добро дренирана,  само некои одделни видови, како алиум моли претпочитаат студено, влажно и проветрено место. Луковици се садат порано на есен, на длабочина 4 пати поголема од дијаметарот на луковицата. Малите – на растојание помеѓу растенијата  8-10 cm, повисоките видови на 20 cm. По цветањето, лисјата почнуваат да пожолтуваат, па затоа е добро да се засадени меѓу други растенија кои ќе ги прикријат. Тогаш е и моментот во кој луковиците можат да се вадат и да се делат. Се размножуваат со луковици, додека  размножувањето со семе е исто така можно, но не е препорачливо, бидејќи почнуваат да цветаат дури по неколку години.

Автор: www.agri.mk

Check Also

Аспидистра (lat.Aspidistra elatior)

  Ова растение со темнозелени листови може да поднесе речиси сè. Трпи сенка, чад, а …