Почетна / Агроекономија и агробизнис / Јадете повеќе лук, а штедете на домати!

Јадете повеќе лук, а штедете на домати!

Цените драстично скокнале кај црвените домати, зелката, карфиолот и лимонот, компирите, гравот, лубениците, крушите, јаболката и лимонот, а поевтиниле само лукот и лупените ореви.

Ако минатите неколку години наесен пазарџиите ги намалуваат цените на зеленчукот и овошјето за да ги продадат последните тури од бербите, оваа година се случува спротивното. Цената на храната на зелените пазари во овој период од годината е значително повисока во однос на ланската година, а како причина се посочува се поскапата енергија и трошоците за производство. Иако се декларираме како земјоделска држава, податоците на Заводот за статистика покажуваат дека во септември месец во однос на истиот месец лани најмногу поскапеле практично производите кои се произведуваат во изобилие. Па така цените драстично скокнале кај црвените домати, зелката, карфиолот и лимонот, компирите, гравот, лубениците, крушите, јаболката и лимонот. Поскапување на земјоделските производи на зелените пазари е забележано кај речиси целиот зеленчук и овошје. Единствено намалување Заводот регистрирал кај лукот и лупените ореви.
– Се е многу поскапо во однос на лани. Ако порано со 500 денари ги полнев кесите на зелените пазари, сега за истите производи трошам 1000 денари. Го купувам основното – домати, зелка, компир, ориз и пилешко бидејќи е поевтино. И овие пари се доволни само за еден ручек – вели скопјанката Наташа Иванова.

Статистичките податоци покажуваат дека пазарчето Буњаковец е убедливо најскап пазар во градот. Цените на зеленчукот и овошјето на овој пазар се речиси секогаш повисоки од оние на Бит-пазар и Зелено пазарче. Ако цената на доматите на Бит-пазар и Зелено пазарче во септември месец чинела 32 денари, во Буњаковец граѓаните еден килограм го плаќале дури 48 денари. Краставицата пак таму се продавала за 25 денари килограм, а на другите пазари за 18 денари. Компирот на Буњаковец бил поскап за три денари, пиперките за два денари, јаболката за два денари.

Балканот се соочуваше со најжешкото лето и најголемата суша во изминативе 40 години. Рекордно високите температури кои го зафатија регионот ова лето негативно се одразија врз земјоделието, а и извозот на сезонскиот зеленчук и овошје имаат влијание на високите цени. И покрај тоа што цените на зелените пазари се зголемиле голем дел од граѓаните се снабдуваат со овошје и зеленчук токму од нив, бидејќи во продавниците покрај тоа што изборот е ограничен и цените се повисоки. (С.М.)

Зеленчукот ем помалку вкусен, ем поскап

 

 

септември 2011

септември 2012

ориз

62,82ден/кг

64,06ден/кг

домати

20,18ден/кг

35,94ден/кг

зелен пипер

24,73ден/кг

29,72ден/кг

црвен пипер

24,15ден/кг

27,81ден/кг

компир

19ден/кг

23,49ден/кг

грав

108,18ден/кг

120,38ден/кг

лук

213,82ден/кг

160,38ден/кг

зелка

14,78ден/кг

27,45ден/кг

краставици

22,73ден/кг

23,11ден/кг

карфиол

34,69ден/кг

105,63ден/кг

ореви

550ден/кг

476,23ден/кг

лимон

69,72ден/кг

101,32ден/кг

банани

37,11ден/кг

45,09ден/кг

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=4CEF81185960824B9AFC6CD3337FD32E

Check Also

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен”

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како “иновативен” и “инклузивен“   18-ти мај …