Почетна / Вести Свет / Афлатоксинот во млекото во Србија во границите до 0,5 мг/кг

Афлатоксинот во млекото во Србија во границите до 0,5 мг/кг

Резултатите од анализите на млекото од Србија изработени во холандска лабораторија покажуваат дека речиси 70% од примероците од испратеното млеко ја надминуваат границата од 0,05 микрограми на килограм (мг/кг).

Во соопштението на сајтот на српското Министерството за земјоделство се наведува дека ниту еден примерок на млекото не содржи афлатоксин М1 во вредност поголема од дозволената во Србија. Лабораторијата утврдила дека 31,25% примероци од испратеното млеко не ја надминуваат границата која ја поставила ЕУ.
Дозволената граница на афлатоксин во млекото во ЕУ е 0,05 мг/кг, додека Србија неодамна ги врати нивоата дозволени до пред две години од 0,5.

Министерството за земјоделство го прими извештајот од лабораторијата РИКИЛТ Вагенинген од Холандија за присуство на афлатоксин М1 во 48 примероци од млеко кои по налог на инспекцијата е повлечено од рафтовите на продавниците во Србија на 19 февруари 2013. Според увидот во извештајот од лабораторијата, кој е поставен на сајтот на Министерството за земјоделство, два примерока ја надминале границата од 0,5 мг/кг афлатоксин по килограм. Од лабораторијата појаснуваат дека доколку се земе предвид стапката на отстапување од 29%, ниту еден примерок не го надминува дозволеното ниво во Србија.

Производните серии на млекото за кои со оваа анализа е утврдено дека одговараат на стандардите на ЕУ ќе бидат вратени во продажба, додека останатите ќе бидат уништени во согласност со законот, се наведува на сајтот на српското Министерство за земјоделство.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …