Минатата зима исчезнаа 31,1% од сите колонии на пчели во САД, а проблемот со зголемената смртност на пчелите трае веќе 6 години. Еден од најголемите супермаркети за здрава храна во САД, Whole Foods, одлучи најдиректно да им претстави на своите купувачи што всушност би се случило ако ги снема пчелите. Истото секаде важи.
Најголемиот проблем околу целата работа со пчелите е што научниците се уште не се сигурни зошто се намалува нивното здравје.
Еден од маркетите на Whole Foods во Род Ајленд ги испразни тезгите за овошје и зеленчук од сите производи кои би ги снемало кога пчелите би изумреле.
Се на се, продавницата тргна 237 од 453 типови на производи што ги имаше на своите рафтови. Меѓу нив се: јаболка, авокада, моркови, цитрони, кромид, брокула, кељ и други кои комплетно би ги снемало или би биле премногу скапи за одгледување кога не би постоеле колониите пчели.
Потегот на супермаркетот е дел од кампањата “Share the Buzz” која се стреми за зголемување на свесноста за клучната улога на пчелите во комплетниот систем на исхрана.
Извор: off.net.mk