Почетна / Вести Свет / Зелена салата расте и на облакодери

Зелена салата расте и на облакодери

Судејќи по предвидувањата на Обединетите нации до 2050 година, дури 86% од луѓето во развиените земји ќе живеат во градовите. Концептот на вертикални фарми може да обезбеди приноси без оглед на лошите временски услови.

Градски складишта, облакодери и празни згради сигурно не се места на кои ќе побарате насади. Ова го демантираат веќе поставените вертикални фарми од Сингапур до Скрантон и Пенсилванија, пренесува Политика.

Овие фарми во иднина ќе бидат најновиот еколошки и практичен начин да се нахрани се побрзо растечката популација во градовите ширум светот.
Најголемата вертикална фарма би требало да биде отворена во март оваа година во Пенсилванија (Скрантон). Ќе ја води компанијата GSF од Њу Бафало, град во американската сојузна држава Мичиген.

Објектот ќе биде на еден кат, но ќе се простира на дури 2,5 хектари. Ќе има шест сталажи (полици) вертикално поставени и ќе има место да се посадат 17 милиони билки.
Со ваквите вертикални фарми може да се избегнат проблемите со скапување на плодовите кои се својствени за сушно и нездраво тло кои се на само неколку стотини километри од населени места каде што ќе се консумираат. Наместо тоа Диксон Деспомијер, еколог од Универзитетот Колумбија кој од 1999 година го поддржува овој концепт на фарми, предлага производство на храна во текот на целата година во урбани облакодери. Така ќе бидат скратени транспортните трошоци, но и загадување на околината.

Сталажите за билки во вертикални фарми користат метод на вештачко производство на посеви со песок и вода со хранливи состојки наместо земја. Во овие фарми во иднина ќе се користи и ЛЕД-осветлување кое ќе ја замени сончевата светлина. Со софтвер за контрола ќе може да се маневрира ротирање на сталажите со билки за секоја од нив од секоја страна да добие светлина, а директните пумпи со вода влијаат на рамномерно распределување на хранливите состојки.
“Овој систем ќе се надгледува со паметни телефони”, изјави менаџерот за развој на компанијата GSF, Даниел Клуко.

Според него, во новата фарма во Скрантон ќе се одгледуваат 14 видови на зелени салати годишно, како и спанаќ, домати, кељ, пиперка и јагоди. Количината на плодови ќе биде скоро 10 пати поголема од првата вертикална фарма која е отворена во Њу Бафало во 2011 година.

Одличен извор за прехрана на глобалната брзорастечка популација
Многумина имаат забелешки на вертикалните фарми, а заговорниците на овие системи сметаат дека се одличен извор за прехрана на глобалната популација која брзо расте. Судејќи по предвидувањата на Обединетите нации до 2050 година, дури 86% од луѓето во развиените земји ќе живеат во градовите. Концептот на вертикални фарми може да обезбеди приноси без оглед на лошите временски услови. Додека фармерите се трудат да ги спасат растенијата од внатрешни штетници, во вертикалните фарми не се потребни ниту пестициди, ниту хербициди. Исто така потрошувачката на вода е многу помала отколку на обичните фарми.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …