Сите кои дома се уште имаат залихи млеко од спорните серии можат да го вратат во продавниците од каде што го купиле и ќе им бидат вратени парите, пишува српски Новости.
Од српската органзиација за заштита на потрошувачите велат дека законска обврска на трговците е да ги вратат парите на муштериите затоа што се работи за неисправно млеко.
Поголемите српски маркети, според пишувањето на весникот, веќе почнале да го прифаќаат назад спорното млеко. Како доказ бараат фискална сметка, но и без неа, низ подолга процедурата, ги враќаат парите. Најлесно парите назад си ги добиваат тие кои пазареле со картичка.
Од организацијата на потрошувачите велат дека засега не добиле жалби од граѓаните.
Извор: dnevnik.mk