Почетна / Вести Македонија / Јаболкото слабо се откупува

Јаболкото слабо се откупува

Овоштарите од Преспа не ја прифаќаат откупната цена од 10 денари за килограм што им ја нудат откупувачите. Тие и сега се соочуваат со истиот проблем како и при секој откуп на родот.

Магацините се преполни со јаболка, а откупувачи има малку. Тие што сакаат да ја купат, нудат 10 денари за килограм, со што производителите не се согласуваат, зашто велат дека е неисплатливо.
– Четириесет проценти од родот се непродадени, а најголемиот дел кој остана непродаден е од сортата ајдаредд. Другите сорти минаа подобри при откупот. Ајдаредот се продава за 10 до 12 денари за килограм, и со оваа динамика тешко ќе се потрошат останатите количини – вели изјави Стевче Радевски од Здружението на овоштари Благој Котларовскии во Ресен.
Овоштарите од овој дел на Македонија се плашат за својата егзистенција, додека јаболката, на кои работеле цела година, вложиле труд и пари, остануваат во магацините.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …