Велика Британија ја тресе нов скандал. Резултатите од анализите на месото во шест лондонски ресторани што ги побара Би-Би-Си, ја вознемирија тамошната јавност.
Има сомнежи дека во јагнешкото кари има кучешко месо, пишува Индипендент.
Анализата покажала дека месото во јагнешкото кари, не е ниту пилешко, свинско, говедско, коњско или јарешко, туку се наведува дека би можело да станува збор за кучешко месо. Но, официјална потврда се уште нема. Освен тоа, откриено е дека јадењето кое се продава како производ од говедско месо, во себе има многу мал процент на говедско и дека главно содржи состојки од пилешко.
– Ова е застрашувачко. Ако не може да се идентификува од кое месо е направен производот, прашање е: Што е тоа? Од каде е увезено? Каде е заклано животното? Дали тоа месо е воопшто хигиенско исправно? Има ли во него некакви бактерии – ја прокоментира шокантната вест нутриционистот Сариндер Фил.
Слична ситуација се случи и во Шпанија кога е откриено дека месо од мртви кучиња е користено за производство на храна за домашни миленичиња. Минатата година биле анализирани 20 јагнешки кари од Западен Мидленд, за што се утврдило дека се филувании со говедско, свинско и пилешко. Во четири примероци на кари воопшто немало јагнешко месо-под богатиот и добро зачинет сос имало евтино говедско или пилешко месо.
Мака со месото имаат и жителите на Јужна Африка. Во тамошните месни преработки на чии амбалажи е назначено дека се работи само за говедско месо, се пронајдени и меса од магаре, свиња и бизон.
Извор: vecer.com.mk