Почетна / Вести Свет / Унгарија ја забрани продажбата на земјоделско земјиште на странски државјани

Унгарија ја забрани продажбата на земјоделско земјиште на странски државјани

Унгарскиот парламент го усвои амандманот на уставот со кој им се забранува на странски државјани да купуваат земјоделско земјиште во Унгарија пренесува франс прес.

За забраната гласале мнозинството од пратениците во парламентот, се наведува во соопштението на унгарското министерство за земјоделство, кое одлуката ја окарактеризирале како историска и “почеток на нова ера во земјоделството”.

За да се спречи зголемувањето на прилично ниските цени на земјиштето во Унгарија, на сила е мораториум од 2004-2011 година за купување на земјиште од странски државјани.

Европската унија предложила мораториумот да се продолжи до април 2014, но најновата одлука на парламентот би можела да предизвика “сериозно незадоволство” во ЕУ наведува франс прес.

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …