Атомскиот хамбургер (Atomic Fallout burger) само изгледа како обичен хамбургер, но тој е толку зачинет што секој што сака да го проба мора најпрвин да потпише изјава со која потврдува дека нема да го тужи ресторанот во случај на некои здравствени проблеми пренесува Daily mail.
Хамбургерот содржи повеќе многу лути зачини, како два најлути вида на пиперки во светот Scotch bonnet и ghost chile поради кои оние што ќе се осудат да го нарачаат им се советува пред да почнат со јадење да стават заштитни ракавици. Овој хамбургер се наоѓа на висока позиција на Сковиловата скала со 1 милион единици.
За овој пеколен хамбургер освен многу храброст треба да одвоите и 25 фунти (околу 30 евра) и може да го пробате во ресторанот “Atomic burger” во Бристол. Секој кој може да го изеде хамбургерот за помалку од еден час добива специјална маица и место во “Top 100 Wall of Flame”.
Сопственикот на ресторанот Martin Bans вели дека до сега околу 500 луѓе се осудиле да го пробаат, а секој десетти успеал да го изеде до крај.