Почетна / Вести Македонија / Глобочичкото Езеро порибено со охридска пастрмка

Глобочичкото Езеро порибено со охридска пастрмка

Вештачката акумулација Глобочичко Езеро денеска беше порибена со четири илјади единки здрав подмладок охридска пастрмка.

Порибувањето го изврши Здружението на рекреативни риболовци и екологисти „Црн Дрим“ од Лабуништа кое стопанисува со оваа рекреативна зона.

Според Државниот инспектор за рибарство и аквакултура Јован Бојчовски, акцијата е дел од годишната програма на здружението и се спроведува согласно Договорот за концесионирање.

– Се работи за здрав подмладок охридска пастрмка кој е на возраст од околу 10 месеци и со просечна тежина од по шест грама. Младите риби во текот на изминатиот период беа одгледувани и прихранувани во инталациите на Хидробиолошкиот институт во Охрид, вели Бојчовски.

Надзор врз денешното порибување извршија претставници на Државниот инспекторат за земјоделство како и на Хидробиолошкиот институт.

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/97328-Globocickoto-Ezero-poribeno-so-ohridska-pastrmka

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …