Почетна / Вести Свет / Сѐ помалку Македонци берат цреши во Грција

Сѐ помалку Македонци берат цреши во Грција

Сѐ помалку Македонци берат цреши во Северна Грција иако бројот на македонските државјани што работат во тамошните овошни насади во минатото бил многу голем. Работата што некогаш ја работеле Македонците сега преминува во рацете на албанските државјани.

– Има и македонски државјани што берат цреши во околината на Воден, која е надалеку позната по производството на овој вид овошје. Но нив ги има с` помалку. Сега најмногу се на цена албанските државјани од Мала Преспа, кои зборуваат македонски и многу се вредни. За 8 часа работа тие добиваат 25 евра дневница. Имаат обезбедено и едно јадење и кафе. За разлика од нив, македонските државјани и Бугарите се платени малку поевтино и за истата работа добиваат некаде 5 евра помалку. Многу од нив повеќе муабетат, а помалку работат – вели Тасос Серафим, новинар од Воден.

Тој додава дека во оваа цена не влегува спиењето за работниците што работат во насадите со цреши.

– Ако газдата обезбеди место за спиење, тогаш дневницата е помала за 5 евра. Работниците можат и сами да си побараат сместување и најчесто не избираат каде ќе спијат, важно е да имаат каде да се одморат и да преспијат – нагласува Серафим, дописник на грчки медиуми и сопственик на портал.

Црешите од околината на Воден се надалеку познати по својата големина, квалитетот и вкусот. Тие се слични на охридските бидејќи климата е слична.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …