Почетна / Вести Македонија / Отворена мелница за интегрално брашно

Отворена мелница за интегрално брашно

Водени од идејата дека интегралното брашно е производ што с` повеќе е баран на нашиот пазар не само од луѓето што имаат проблеми со дијабетесот туку и од сите оние што сакаат здраво да се хранат, семејството Вејсели од тетовско Џепчиште, во сопствената мелница „Балкан“ почна со производство на 100 отсто интегрално брашно како единствено од својот вид во Македонија.

„Инвестицијата е во вредност од над 100 илјади евра и се состои во адаптација на опремата со која досега произведувавме бело брашно, со што ја наменивме за производство за новото интегрално брашно. Технологијата е од швајцарската компанија „Булер“, а за новата специјална опрема за производство на овој тип брашно компанијата ангажира и технолог од Германија. Овој производ е мошне баран кај нас и во регионот каде што и ќе го извезуваме. Затоа нашиот производ „100 отсто интегрално брашно“ го брендиравме и тоа не само во Македонија туку и во Kосово и во Албанија, а ќе го брендираме и пошироко“, изјави Рамадан Вејсели, еден од сопствениците на мелницата „Балкан“ на отворањето на погонот.

Иако во западните земји цената на интегралното брашно е за 30 до 40 отсто повисока од цената на белото брашно, Вејсели најавува дека неговата цена во Македонија ќе биде нешто поскапа од цената на белото брашно за да може да биде подостапно за нашите потрошувачи.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …