Фамилија: Araceae
Род: Epipremnum/Scindapsus
Вид: aureum
Англиски назив: Devil’s Ivy, Pothos,
Домашен назив: Скиндапсус
Опис:
Скинпадсус е род со околу 20тина видови на ползечки растенија. Најпознат и најраспространет култивар е Scindapsus aureum /golden pothos. Листовите се сјајни, со заострена и јајчеста форма, прошарани со златно- жолти шари. Успева во секој дом со многу малку внимание и затоа е добра за почетници. Идеален е за одгледување во висечки саксии. Доколку му недостасува светлина листовите со златно- жолти шари ќе бидат со зелена боја.
Одгледување:
Во однос на светлината скиндапсусот треба да се постави на осветлено место, но подалеку од директна светлина. Минималната температура за одгледување е 10 °C. Треба да се избегнуваат места со ладен провев. Размножувањето е со резници долги 12-15 cm, може да се чуваат во вода додека не пуштат коренчиња. За одгледување потребна е обичен супстрат за цвеќиња кои содржи малку песок и тресет со рН 5,1-5,5 и 5,6-6,0. Нема голема потреба за наводнување и потребно е повремено оросување со стоена вода. Во зима поливајте го поретко. Ѓубрење не е задолжително, но внимавајте младите растенија да почнете да ги ѓубрите после 6 месеци, а старите растенија на 6 месеци за време на вегетација.
Совети:
Скиндапсусот спаѓа во категорија на растенија кои се прочистувачи на воздухот.
Сите делови на ова растение се отровни!
Доколку врвовите на листовите почнуваат да добиваат кафена боја, тоа е знак на прекумерно поливање или на многу сув воздух во просторијата.
Автор: www.agri.mk