Почетна / Вести Свет / САД на големо лобирале за ГМО на Монсанто

САД на големо лобирале за ГМО на Монсанто

Дипломатските телеграми откриени од страна на „Викиликс“ во август 2011 година покажаа дека американските дипломати барале финансии за испраќање лобисти за биотехнолошка индустрија, кои би разговарале со претставници на области како Африка, Латинска Америка и некои европски земји, за пласирање генски модифицирани организми (ГМО).

Непрофитната група за заштита на потрошувачите „Фуд енд ватр воч“ со седиште во Вашингтон во вторникот објави извештај во кој детаљно е прикажана длабочината на партнерството меѓу федералната влада и голем број контроверзни биотехнички компании кои бавно, но сигурно ги пробиле нивните генски модифицирани продукти на пазарите на голем број нови земји во последниве неколку години, пишува „Раша тудеј“.

Во центарот на вниманието во извештајот е Монсанто, произведувач на генски модифицирани култури, кој наводно добива голема поддршка од федералните власти. Во извештајот стои дека стратегијата на Стејт департментот била наметнување на биотехнолошка политика на странски влади преку промовирање на бизнис-интересите од истата, лобирање за ослабување на законите, заштита на извозот на биотехнички производи од САД и притисок над земјите во развој за прифаќање на ГМО. Откритијата покажуваат про-ГМО напори на САД во име на биотехнолошката индустрија во Хонг Kонг, ЕУ, Египет и многу други земји. Од 926 телеграми на Стејт департментот, групата го забележала присуството на Монсанто во 6 отсто од нив, што според „Раша тудеј“, го покажува напорот на федералната агенција за промовирање на интересите на надворешна компанија.

Минатиот месец претседателот Обама стави потпис на нов закон со кој земјоделските гиганти што работат со ГМО добија отворен пат за продолжување на производството и продажба на вештачко семе, иако и понатаму не е познато во која мера тие производи се ризични за здравјето на луѓето. Активисти од 36 града на шест континенти имаат испланирано анти-Монсанто протести за пролетва и летово.

Извор: dnevnik.mk

 

 

 

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …