Во Нибин, мало Шведско село со 245 жители, од неодамна се наоѓа првата плантажа на домати во поларниот круг, кој во текот на целата година ќе носи плодови благодарение на стаклениците. Во план е годишно да се произведува 1000 тони домати.
„Почнавме да садиме на 19 Октомври, а првите плодови ги очекуваме во средината на Декември„ – Објавил сопственикот на насадот Роџер Нилсон, „Со нетрпение се очекува овој насад. Ние први ќе имаме производство во текот на целата година, за што постои голема побарувачка во овој регион“ додаде тој.
Стаклената градина дава впечаток на многу светла и бујна сауна. Има вкупно 600 лампи од по 600 вати, поставени над 3700 стебла на домати. Температурата во стакленикот изнесува 24 Целзиусови степени, односно 30 степени повеќе од надворешната температура, додека влажноста е 83%.
Сопственикот веќе 4-5 години го планирал ова, и имал сознанија за постоење на сличен насад во Финска и решил да се впушти во таква инцестиција.
Стакленикот има површина 155 квадратни метри, и со изградба е завршена на 10-ти Октомври 2012 година, со помош на сопствениците од Финска.
Пласманот на доматите се планира во локалните продавници, каде што може да се чува од 2-3 недели на природна температура но не и во фрижидер. Доматот кој е засаден во стакленикот припаѓа на врста која што добро поднесува светлост при што е изложен до 16 часа дневно. Изградбата на стакленикот чинело 462.000 евра, а годишниот приход на средства би бил 347.000 евра, со што ова би било многу исплатлив бизнис.