Почетна / Вести Свет / Конзервираниот зеленчук ќе се произведува во Србија?

Конзервираниот зеленчук ќе се произведува во Србија?

Хрватската прехранбена компанија Подравка планира дел од своите производи да почне да ги произведува во Србија, пренесуваат хрватските медиуми.

 

Според хрватски “Јутарњи лист”, киселите краставички на Подравка, ајварот, печените пиперки, гулашот, грашокот, месните нарезоци и останатите конзервирани производи наскоро може да почнат да се произведуваат во погоните на српскиот гигант МК Група со цел да останат на пазарот на ЦЕФТА по влезот на Хрватска во ЕУ.

Весникот наведува дека Подравка не се подготви добро за влезот на Хрватска во ЕУ, па затоа сега се обидува да создаде нова позиција на регионалниот пазар ЦЕФТА.
– За разлика од Агрокор, Подравка не ги организираше навреме сопствените производствени капацитети на пазарот на ЦЕФТА, па сега размислува за можноста да ги изнајми оние на сопственикот на МК Група, Миодраг Костиќ. Со тоа компанијата повеќе ќе се отвори кон пазарите во Србија, Македонија и во Босна и Херцеговина, а ќе и се отвори и вратата за влез на пазарот во Русија – наведува весникот.

Неодамна се појавија шпекулации дека двете компании, Подравка и МК Група, размислуваат за корпоративно спојување, но Подравка го демантираше тоа.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …