Почетна / Вести Македонија / Временските услови погодни за земјоделските посеви

Временските услови погодни за земјоделските посеви

Земјоделските посеви во битолскиот дел на Пелагонија се во одлична кондиција, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и потврдуваат дека во моментов под разни земјоделски култури се регистрирани 25.000 хектари.

Според Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола, поволните временски услови позитивно влијаат врз развојот на земјоделските култури, а уште подобро би било доколку наскоро падне снег.
– Моменталните временски услови се погодни и им одговараат на земјоделските посеви. Пченицата, која е посеана на површина од 15.000 хектари, издржува и на минус 20 степени Целзиусови, но уште подобро би било да падне снег, бидејќи снежната покривка уште повеќе ќе ги заштити сите посеви. Освен пченица, во битолскиот дел на Пелагонија се посеани и 6.000 хектари со јачмен, 3.000 хектари со маслодајна репка и други земјоделски култури. Секој земјоделец смета дека временските услови се погодни бидејќи посевите се во одлична кондиција – истакна Србиновски.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …