Почетна / Вести Македонија / До 1 јули сите трактори мора да бидат регистрирани

До 1 јули сите трактори мора да бидат регистрирани

До 1 јули годинава фармерите треба да ги регистрираат тракторите. Заклучно со октомври 2013, вкупно 20.000 поднеле барања за докажување на сопственоста, најмногу во Тетово, Битола и Струмица.

Според експертите, бројката е голема и покажува дека повеќе од една третина од вкупниот број трактори биле без соодветна документација и нелегално се вклучувале во сообраќајот.
– Со регистрацијата, земјоделците добиваат право на сопственост и документи. Ќе можат да ги движат тракторите по сообраќајници, а не како досега да ги оставаат на нивите. Воедно, ќе се води сметка за нивната исправност што ќе ги намали незгодите кои годишно достигнуваат до 100 при што, освен трактористи, страдаат и деца, велат експертите.

Регистрацијата ќе овозможи механизацијата да се продава или заложува.
– Со новата вредност земјоделците ќе можат да се здружуваат во задруги и да формираат основен задружен капитал. Значајно е и што ќе ја засилат својата конкурентност за добивање повеќе бодови за конкурирање пред програмата за рурален развој каде се бодира и поседување земјоделска механизација, додаваат експертите.

Според проценките на терен, Македонија располага со 53.606 трактори од кои околу 30.000 се нерегистрирани, Досега регистрирани се 8.000 трактори.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …