Почетна / Вести Свет / Компаниите ја поддржаа кампањата “Мисли.Јади.Заштеди”

Компаниите ја поддржаа кампањата “Мисли.Јади.Заштеди”

Податоците на Организацијата на храна и земјоделство на ОН, покажуваат дека секој шести човек во светот заминува на спиење гладен, додека пак секој ден повеќе од 20 илјади деца помали од пет години умираат од глад.

Исто така организацијата излезе со податоци дека една третина од храната што се произведува годишно во светот се фрла или пропаѓа. Со цел да се поттикне свеста кај населението, програмата на ОН за животна средина, Организацијата за храна и земјоделство и Организацијата за рециклирање, покренаа кампања Мисли.Јади.Заштеди”, кон која се приклучи и компанијата Нестле која го прослави Светски ден за заштита на животната средина.
– Во изминатите десет години речиси го преполовивме количеството отпад по килограм производ произведен во нашите фабрики. Се залагаме за понатамошно намалување на отпадната храна во целиот производствен синџир, од нивата до потрошувачот и пошироко, како и за подигање на свеста за тоа дека вистинската вредност на храната често не се одразува низ нејзината цена, изјави Паскал Греврат, директор за одржлив развој и животна средина во компанијата Нестле.
Компанијата вложува напори да се избегне расфрлањето на храната уште од самото основање, повеќе од 140 години, претворајќи ги расипливите суровини, како што се млекото, зрната кафе и какаото, во безбедни производи со додадена вредност, наведуваат од компанијата.

Извор:vecer.com.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …