Тиква тешка дури 540 килограми била изложена завчера на 4-тата меѓународна изложба на тикви во Товарник, Хрватска.
Според организаторите ова е најтешката тиква на Балканот. Вагата мерела само до 500 килограми, па тие морале да ја пренесуваат со посебен вилушкар за да ја измерат, пишуваат хрватските медиуми. Инаку, најтешката тиква во светот е одгледана од Американецот Рон Волас и тежела 991 килограм