Во Грција властите вршат истрага за две фантом-фирми кои во Атина и Солун увезле непознато количество коњско месо од Бугарија, објави грчкиот весник Елефтеротипија”. По барање на државната служба за контрола на храната, случајот е преземен од финансиската полиција и од Обвинителството.
Увозот на коњско месо не е незаконски, но на конкретните пратки меленото месо е етикетирано како говедско. Седиштето на една од фирмите е на нива, а на другата во градски реон кој нема никаква врска со конкретната компанија.
Според податоци на Европската статистичка служба (Евростат) на кои се повикува весникот, во Грција досега биле консумирани 74,3 тони коњско месо.
Скандалот со коњското месо во Романија се проширува, откако телевизијата Реалитатија” објави дека во околината на градот Галац се откриени голем број недозволено закопани остатоци од коњи. На местото се испратени инспектори на санитарно-ветеринарните служби, со цел да го утврдат потеклото на остатоците и да направат оценка на предизвиканите штети.
Минатата недела специјалисти од Националната агенција за санитарно-ветеринарна контрола утврдија дека во седум ресторани во Букурешт било сервирано коњско месо наместо говедско месо.
Извор: vecer.com.mk