Почетна / Цвеќарство / Градина со пеперутки

Градина со пеперутки

 

 Ако имате место во дворот и сакате пеперутки, можете да креирате катче во градината, која ќе ги привлекува со бојата и аромата, со комбинирање на соодветните растенија.

Првиот чекор при создавањето на градина со пеперутки е да го изберете најсоодветното место. Пеперутките се најактивни на силна сончева светлина, па изберете место кое е изложена на  многу сонце и е заштитено од ветар, на пример јужната страна од вашата куќа. Исто така важно е местото да биде погодно за следење на овие крилести посетители.

Кога планирате градина, имајте во предвид мало место на кое да ставите рамен камен, во светли тонови , за пеперутките да бидат изложени на сонце. Пеперутките исто така имаат потреба од вода на располагање.

Основната идеја на пеперутковата градина е да се комбинираат растенија, кои се омилени на овие прекрасни инсекти. Цветовите  со нектарот ќе ги привлекуваат возрасните индивидуи, а растенија со листови ќе послужат за исхраната на ларвите.

Многу видови на цвеќиња привлекуваат пеперутки. Иако повеќето видови имаат интерес за одредени нектари, во принцип пеперутките сакаат маргаритки, јоргован, флокс, лаванда, цинија, иберис, кринови и антиринум (чавкина уста).

 

Сл.1 Bellis Perennis –Маргаритки

 

Сл.2 Syringa Mill- Јоргован

 

 

Сл.3Lavandulae aetheroleumЛаванда

 

Сл.4 Antirrhinum majus- Чавкина уста

 

Сл.5Lilium sp.- Крин

 

Сл.6 Iberis sempervirens – Иберис

 

 

Сл.7 Zinnia sp.-Циниа

 

Сл.8 Phlox drummondii- Флокс

 

За да останат пеперутките цело лето во градината , изберете растенија кои цветаат во различни периоди на годината за да имаат пеперутките постојано нектар на располагање.
За да бидете сигурни дека ќе задржите генерациите на пеперутките во својата градина, треба да обезбедите храна за гасеници и да жртвувате некои растенија. Повеќето видови пеперутки се пребирливи за местото каде ќе ги положат јајцата. Често тие избираат растенија од точно определен вид, за да обезбедат најсоодветна храна за своите гасеници. Склопот на растенија се: астер, маргаритки, виола, копар и лоницера.

 

Сл. 9 Bellis Perennis –Маргаритки

 

Сл.10 Aster Chinensis Астер

 

Сл.11 Viola sp.- Виола

 

Сл.12Lonicera japonica- Лоницера

 

 

Сл.13 Anethum graveolens- Копар

 

Гасеници исто така сакаат и плевели како: детелина, магарешки трн и глуварчиња. Затоа е добра идеја да оставите неколку растенија од овие видови во околината.

 

Сл.14 Trifolium repens- Детелина

 

 

Сл.15 Onopordum acanthium- Магарешки трн

 

Сл.16 Taraxacum officinale- Глуварче

 Автор: www.agri.mk

 

Check Also

Аспидистра (lat.Aspidistra elatior)

  Ова растение со темнозелени листови може да поднесе речиси сè. Трпи сенка, чад, а …