Балканска млекара, кoја е во сопственост на турската млекарница Суташ, пред неколку дена основаше фарма во Македонија.
Според информациите, новото друштво кое го основаше турскиот инвеститор во Македонија се вика Балканска млекара фарма дооел Илинден и е формирано со паричен влог од 5.000 евра, а сопственик е Балканска млекара дооел.
Одгледување жита, мешункасти растенија и маслодајно семе ќе биде основната дејност на фирмата.
Директорот на Суташ во Македонија, Али Мушвик Созер, најави дека со нова инвестиција во машина за тврда преработка ќе го зголемат капацитетот за преработка на млеко на 200 тони дневно, со што ќе бидат најголема млекарница во Македонија.
Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/90705-Farma-nova-turska-investicija-vo-Skopje