Бугарските производители на житарки најавија протест поради доцнењето со исплатата на субвенциите.
Бугарската асоцијација на земјоделци на синоќешниот состанок во Софија донесе одлука со трактори да блокира дел од главниот град на Бугарија од 18 до 22 февруари.
Земјоделците бараат брза исплата на европските субвенции во износ од околу 500.000 евра, што требало да ги примат до крајот на јануари.
Поради недостиг на пари во буџетот, бугарската Влада одлучи да ја одложи исплатата на субвенциите за неколку недели, односно до март и април.
Бугарските фармери еднаш веќе влегоа со трактори во Софија. Кон крајот на 2011 година земјоделците своето незадоволство го изразија поради намалувањето на буџетските средства за аграрот.
Извор: kurir.mk