Почетна / Вести Македонија / И пиперката дава парче леб, ама корав

И пиперката дава парче леб, ама корав

Седумдесет отсто од градинарите во Градско што одгледуваат пипер работат екстензивно и со ќумбиња ги загреваат леите, зашто толку им се можностите, велат во семејството Трајкови.

Семејството Трајкови од населба Градско од средината на декември почна со подготовка на расадот од пипер, за првите парчиња да ги набере во средината на мај. Пет месеци макотрпно работат по цело деноноќие за да можат резултатите од вложувањето да ги добијат по половина година. Работат 24 часа, 12 часа се со пиперот, а преостанатите 12 часа дежураат за да ја одржат оваа раноградинарска култура. Во малите тесни пластеници, кои тие ги нарекуваат тунел, има десетици илјади парчиња млад пипер. За да го одгледаат, користат ќумбиња или светилки со кои ги загреваат.

– Седумдесет отсто од градинарите во Градско што одгледуваат пипер, работат вака, екстензивно. Толку ни се можностите. Има некои и со парно, но повеќето сме вака – со ќумбиња, со греење. Ако до пред некоја година нафтата беше 30 денари литар, а пиперот 80 за килограм, сега е обратно, нафтата е 80, а пиперот дојде на 30 денари. А колку мака и труд вложуваме. Ноќе не спиеме да не се успиеме и да не ги наложиме ќумбињата. Оти утринските ниски температури се најлоши, тие можат целиот труд за еден час да го изѕемнат и с` да отиде неврат – вели Драган Трајков, глава на четиричленото семејство во кое сите ~ се посветени и живеат од оваа градинарска култура.

Дури и неговата сопруга, шеесетгодишната Елица е во пластеникот, неуморно работи, поднаведната, помага да се расадат 50 илјади парчиња пипер. И таа и сопругот имаат по четири операции, но и покрај с`, се под фолиите. Мачно е, многу е тешко, но мора да се работи и живее. Еднаш со децата и со мажот ми не сме отишле на одмор. Цел живот тука го минавме. На Рацин песната ,,стани си утро порано, дојди си вечер подоцна“ е таа е нашата, земјоделската работа. Работиме с` исто, секоја година, а пари с` помалку – вели Елица. Ги школувале синовите, завршиле средно во Велс, но останале да обработуваат земја. Драган, технолошки вишок од Железница од 2005-та, преку пиперот го живее мачниот земјоделски живот. Постариот Трајче е регистриран земјоделец.

– Почнавме со годинашната работа околу 15 декември. Тогаш го посеавме семето, кое е наше, оти се случувало да купиме странско, но да е неквалитетно. Вака е проверено. Тоа расте под температурата од светилките, ламбите, еден месец. Има термостат и ако се случи температурата да биде пониска од 20 степени, се вклучуваат сами. Ноќе заради заштита ги покриваме со ред најлон, ред рогозина, ред слама. Овој период го викаме „мајка“. Потоа, парче по парче, ги пресадуваме во друг расадник – вели Трајче Трајков. Така секојдневно овие три седмици ќе пресадат околу 50 илјади парчиња расад од млад пипер.

Очекуваат дека ако с` биде во ред, годинава да наберат до 30 тони пипер. Се надеваат дека првите парчиња ќе ги наберат во средината на мај, а ќе имаат можност да собираат род до крајот на август, средината на септември.

– Со раноградинарство се бавиме последните десет години. Го работиме во позаостанати услови. Нашето производство е врзано, од семка до нива и род. Грееме на примитивен начин, со ќумци и дрвени струганици. Освен што семето сами го произведуваме, дури и земјата со вештачко ѓубре сами ја средуваме. Kако пиперот расте, така растат и нашите обврски. Kога ги палиме ќумбињата, првата смена е од 6 попладне до полноќ, а втората од полноќ до утро до 8. Знае да се случи, ако има утрински мраз, да се уништи дел од родот. Не е ова лозарство, овоштарство, па да се работи со трактор, с` се работи рачно – вели вториот син Благојче Трајков.

И покрај мачното производство, задоволни се со постигнатото. Велат дека со помошта од државата и со малку повеќе среќа со временските услови, од земјоделството добро се живее. Ги оставивме во фолиите, среќни, но уморни. Н` поканија да дојдеме повторно кога родот ќе биде готов за продажба.

Петар ПеЧков

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …