Во општина Илинден во тек е реализација на проектот Подвижни канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство”.
Мобилната подвижна канцеларија во текот на овој и идниот месец ќе ги посети сите населени места во општина Илинден, при што земјоделците ќе можат да се информираат за новата програма за субвенции за 2013 година.
Јавните огласи за Ипард и рурален развој, јавни огласи за слободно државно земјоделско земјиште, како и да добијат објаснување на процедурата за легализација на земјоделските објекти изградени на земјоделско земјиште и можноста за легализација на земјоделска механизација.
Средбите се реализираат секој работен ден од 9 до 16 часот, овој месец, во следните населени места: во населбата Илинден на 1, 4 и 5, во Марино на 6, 7 и 8, Кадино 11, 12, 13, Мралино 14, 15 и 18, Бунарџик 19-ти, Ајватовци 20-ти, Миладиновци 21, 22 и 25-ти, Дељадровци 26 и 27-ми, Бујковци 28-ми и 1-ви март. Во март средби ќе се одржат во Бучинци на 4-ти, Мршевци 5-ти и 6-ти и Текија 7-ми.
Од подвижната канцеларија на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство информираат дека досега најголем интерес кај жителите на општина Илинден имало за легализација на земјоделските објекти изградени на земјоделско земјиште и можноста за легализација на земјоделската механизација.
Извор: vecer.com.mk