Почетна / Вести Свет / Африканските фармери во битка за храна

Африканските фармери во битка за храна

Ако потенцијалот може да се јаде, Африка ќе има најухранети луѓе на Земјата. Огромниот континент поседува 60 отсто од светската некултивирана плодна почва, но поголемиот дел од неа воопшто не е обработена. Почвата што почнува да се култивира, главно од мали фармери, може да роди многу повеќе, се вели во текстот на лондонски „Економист“.

Приносите од земјоделски култури во Африка се меѓу една третина и една половина од глобалниот просек. Kвалитетот на почвата често е слаб поради недоволното обработување, но тоа може да се поправи со ѓубрива. Со исправен „ноу-хау“ и со инвестиции, африканските фармери можат да ја удвојат продуктивноста.

Сепак огромниот потенцијал на Африка се судира со бруталната реалност, која е документирана во нов извештај од тинк-тенк организацијата „Алијанса за зелена револуција во Африка„ (АГРА), со седиште во Kенија. Фармерите во Америка за ѓубрето плаќаат цена по испорака од 226 долари по тон. Но во Замбија цената е 414 долари. Трошоците за транспорт сочинуваат само мал дел од оваа разлика. Остатокот се дели на трошоци за пристанишни услуги, за корумпирање, магацински трошоци, трошоци за гориво, значаен процент за увозникот и за камати на кредити – тоа се слоевите во цената на ѓубривото кои се трупаат на патот од пристанишата до фармите.

Африканските фармери може и да ја поднесат оваа цена, ако се сигурни дека ќе ги продадат вишокот производи по повисока цена. Но, цената до пазарот е превисока за повеќето мали производители. До една петина од вишокот производи се губи поради лошите услови за складирање и по патиштата. Недостигот од кредити ги присилува малите фармери да продаваат евтино, наместо да чекаат да дојдат најдобрите цени во сезоната. Но некои тесни грла тешко ќе се прочистат. Тешко е да се изгради мрежа од рурални патишта.

– Мали инвестиции можат да ја поправат ситуацијата. Има случаи каде што прегладнет дел од земјата е отсечен од друг дел каде има многу храна, затоа што нема мост – вели Дејвид Амејоу, Американец по потекло од Гана, кој го уредуваше извештајот на АГРА.

Исто така можат да се исплатат и парите што се трошат на истражувања, ако тоа им помага на владите за да донесат најефикасни политики. Африка има само 70 стручњаци за земјоделство на секои милион луѓе, велат од АГРА. За споредба во Латинска Америка има 550, а во северна Америка 2.640 експерти на милион луѓе.

Сепак некои иницијативи ветуваат. Земјоделската политика на Нигерија е заснована на два принципа, владата не може да го размести приватниот сектор, и фармерството треба да биде третирано како бизнис, од семе до складирање. Државата директно ги снабдува фармерите со семиња и ѓубрива, а ова создава корупција. Фармерите сега добиваат кредити по мобилни телефони, и тие можат да се искористат за купување материјали од приватни доставувачи.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …