Аферата со коњското месо во Европа предизвика контра ефект. Барем така е во случајот со Франција, каде наместо да се намали, продажбата на коњско место се зголемила.
Најголем ќар од ова имаат околу 700 месарници кои продаваат вакво месо и кои по повеќегодишна слаба продажба деновите бележат зголемен интерес и промет за 15 проценти.
Според нив, медиумската хајка само придонела поотворено да се зборува за коњското месо, а оние кои и претходно го купувале сега веќе не чувствуваат вина за тоа и им го препорачуваат на другите.
Пораст на прометот бележат и ретките ресторани во Париз кои служат јадења од вакво месо. / С.Т.
Извор: kanal5.com.mk