Почетна / Вести Македонија / З.З.”Малина” ја презеде пакистанската групација Џонсонс и Филипс – АГРОО

З.З.”Малина” ја презеде пакистанската групација Џонсонс и Филипс – АГРОО

Кривопаланечката кланица со ладилник на поранешната З.З..Малинаа, како што информира градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, преку Агенцијата за странски инвестиции ќе ја преземе странската пакистанска групација Џонсонс и Филипс АГРОО.

До 14 декември годинава, кога ќе дојдат и претставниците од Пакистан, потребни се средување на односите со ИПАР-Касе банката како доверител, потоа купување на земјиштето, заведување во Катастарот на недвижности во Крива Паланка и решавање на законските регулативи околу статусот на странски инвестиции.
Како што истакна Алексовски, во овој случај ќе се рестартира кланицата со ладилник и доградба на уште два погони за производство на месо и месни продукти, како и преработка на овошје и зеленчук. Во таа насока, посочи Алексовски, ќе се развијат и кооперантските односи на производство при што инвеститорот на идните кооперанти ќе им обезбедува добиток (ситен и крупен), како и обезбедување на храна, а потоа при примопредавањето на стоката ќе се рефундираат и остварените добивки на индивидуалните земјоделски производители или претпријатија.
Се работи за значајна инвестиција која ќе го развие земјоделското и сточарското производство во овој рурален крај, а за почеток ќе се вработат од 50 до 60 лица и ќе бидат запазени ХАСАП системот и ХАЛАЛ системот за исламските земји.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=92DAA031AB12AC458C2A93BBB61DA383

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …