Почетна / Вести Македонија / Вински фестивал на Скопски саем

Вински фестивал на Скопски саем

Синоќа започна Винскиот фестивал 20122 на Скопски саем. Посетителите ќе имаат можност четири дена да дегустираат различни видови вино од македонските визби, но и да пробаат млечни и месни производи од најдобрите во земјава.

Програмата предвидува попладневни забави со диџеи од 17 до 21 часот секој ден кои потоа продолжуваат до 1 часот по полноќ со настапи на повеќе познати имиња од домашната сцена: Силви бенд, Сешн селекшн, Жаклина Стефковска, Стринг форсис, Аренси бенд, Нокаут, Скопски чалгии и Кумановски тамбураши со Нино Величковски.

На Винскиот фестивал, што сите четири дена ќе се одржи во Метрополис арената, се регистрирани 30 учесници, винарски визби и производители на млечни и месни производи. Нивниот асортиман ќе биде достапен за купување на самото место. Цената на билетот за фестивалот е 100 денари, а посетителите со секоја купена влезница добиваат и гратис чаша за вино. Винскиот фестивал е манифестација што првпат беше организирана лани како иновативен концепт кој на сите посетители и љубители на виното треба да им овозможи богато винско искуство со богата музичка програма.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …