Kумановската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби возило од Владата во рамките на проектот „365 дена подвижна канцеларија за земјоделците“.
– Заинтересираните земјоделци ќе можат да поднесуваат барања за субвенции и за доделување државно земјоделско земјиште и совети, да се информираат и да ги завршат обврските околу проектите и програмите за поддршка – информира Скендер Алии од подрачната единица.
Наместо во канцеларија, вработените во Министерството својата работа ќе ја извршуваат директно на терен, меѓу земјоделците, во сите села во регионот кој ги опфаќа општините Kуманово, Старо Нагоричино и Липково. Подрачната единица на МЗШВ веќе ја подготви агендата за посетата на населените места во трите општини. Се очекува проектот да заврши напролет. Во специјализираното возило – комбе е сместена целата расположлива документација за земјоделците од регионот.