Експертите од Јапонија утврдија дека една состојка на пивото може да штити од настинка, па и од некои посериозни детски заболувања. Истражувањето финансирано од пиварницата „Сапоро бруериз“ го направија научниците од универзитетот во Сапоро.
Утврдено е дека хемиското соединување од хмељ, под име хумолон, кои пиварниците го користат за пивото да добие горчлив вкус, претставува ефикасна одбрана против РС-вирусот, кој може да предизвика сериозна форма на воспаление на белите дробови и бронхитис кај најмладите и симптоми на настинка кај возрасните.
Против РС-вирусот засега нема ефикасна вакцина, но проблемот со хумолонот е во тоа што за негово ефикасно дејствување би било потребно околу 30 лименки од 350 милилитри.
Јапонските експерти затоа ја разгледуваат исплатливоста на внесување дозирани количества хумолон во храната и во безалкохолните напивки, со тоа што предизвик би претставувало неутрализирањето на неговиот посебно горчлив вкус.
Извор: http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=8878DCB38E71F744B9281ACBC43B7172