Во септември оваа година е забележано зголемување за 63,6 отсто на вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи, во споредба со истиот период лани.
Односно вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи изнесува над 1,3 милијарди денари. За 143,4 отсто е зголемена вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители, додека продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 9,7 отсто.
Вакво зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува скоро кај сите земјоделски производи додека намалувањето се забележува кај: житата, живината и јајцата, млекото и млечните производи.
Извор: kurir.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија