Почетна / Вести Македонија / Земјоделците од Радовиш со трактори протестираа пред седиштето на СДСМ

Земјоделците од Радовиш со трактори протестираа пред седиштето на СДСМ

Земјоделците од Општина Радовиш денеска протестираа пред просториите на Општинската организација на СДСМ. Над 400 земјоделци со 50 трактори и земјоделска механизација го блокираа централното градско подрачје изразувајќи го својот револт против опозицијата која го блокира донесувањето на буџетот за 2013 година.

Земјоделецот Лазар Манев вели дека со  недонесувањето на буџетот за 2013 година ќе бидат загрозени околу 4.000 земјоделци и нивните семејства, кои својата егзистенција ја обезбедуваат само од производство на земјоделски култури и тутун.

– Земјоделието е нашиот живот, нашата егзистенција. Ние немаме плати како пратениците на СДСМ за да гледаме мирно како се кочи буџетот за 2013 година. Во тој буџет се нашите субвенции без кој нема да може цела година крај со крај да врзиме. Ние имаме семејства за хранење и не мижеме мирно да гледаме како опозцијата го кочи буџетот, рече Манев.

Радовишките земјоделци велат дека доколку не се донесе буџетот нивните субвенции нема да се исплатат, а со тоа се доведува и плаќањето на сметките за струја, вода, но и образованието на нивните деца, кои студираат или учат во средните училишта во Штип, Струмица и Скопје.

Извор: http://www.kurir.mk/republika/opstini/96220-Zemjodelcite-od-Radovis-so-traktori-protestiraa-pred-sedisteto-na-SDSM

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …