Почетна / Вести Македонија / Земјоделците до 20 септември може да аплицираат за субвенции

Земјоделците до 20 септември може да аплицираат за субвенции

 

Владата одлучи да го пролонгира рокот за барање земјоделски субвенции до 20 септември. Kако што вчера изјави владиниот портпарол Александар Ѓоргиев, за полесно добивање финансиска поддршка, по барање на земјоделците, донесени се уште две мерки.

– Земјоделците кои не добија субвенции лани, а поднесоа барања, годинава ќе добијат поддршка ако платат пашарина или водарина и ако аплицираат најдоцна до 31 октомври, рече Ѓоргиев.

Во согласност со третата мерка, за 50 отсто се намалуваат количествата што треба да ги предадат производителите на домат, краставица и пиперка до 15 мај за да добијат дополнителна поддршка од 90.000 денари.

– Ова се трите одлуки што цениме дека ќе бидат од исклучителна важност за земјоделците- вели Ѓорѓиев.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …