Почетна / Вести Македонија / Саем за мед во Kичево

Саем за мед во Kичево

Од денеска, па во наредниве два дена во Kичево ќе се одржи вториот Национален саем за мед Kичево 2013. На над 20 штандови во центарот на градот ќе бидат изложени мед, прополис, матичен млеч и други производи од пчели, како и козметика изработена на природна база и други содржини.

– Ќе имаме над 20 излагачи од сите делови на земјава. На саемот ќе бидат присутни и дистрибутери на опрема за пчеларство, кои ќе ги претстават средствата за производство на мед, како центрифуги за цедење мед, восок, заштитни мрежи, сандаци за пчели и друга опрема. Ќе се одржат и повеќе едукативни работилници, изјавија организаторите.

Првата трибина ќе се одржи во четврток во 18 часот, на тема „Брзорастечки растенија за зголемување на производството на мед“. За останатите работилници термините ќе бидат дополнително соопштени. Зад целокупната организација стои Здружението на земјоделските производи „Виножито“ од Kичево.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …