Почетна / Вести Македонија / Се укинува мерката за условен увоз на пченица, пазарот стабилизиран

Се укинува мерката за условен увоз на пченица, пазарот стабилизиран

Владата донесе одлука од 2 септември да се укине мерката за условен увоз на пченица од странство, бидејќи пазарот се стабилизира, се надминува предизвикот, и се создаваат услови за укинување на заштитната мерка, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ова мерка беше донесена за заштита на домашното производство, изјави портпаролот Александар Ѓорѓиев и додаде дека домашниот пазар е веќе стабилизиран и се создадени услови за повлекување на мерката.

-Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка, изјави Ѓорѓиев.

Оваа мерка ги постигна поставените цели, пазарот се стабилизира, предизвикот се надминува и се повлекува мерката за условен увоз на пченица, изјави Ѓорѓиев.

Тој додава дека Владата била информирана и дека финишираат процесите за стабилизација и на пазарот на брашно во земјата, и се очекува да се укине и мерката за условен увоз на брашно од странство во првата половина на септември бидејќи и за тоа, како што напомена, се создадени услови.

-Мерките беа донесени врз основа на домашното и меѓународното право, врз основа на длабока аргументација и со цел заштита на домашното производство, цениме дека истите ја постигнаа целта, помогнаа за стабилизирање на пазарот и ги надминаа предизвиците од евентуални какви било нарушувања, посочи владиниот портпарол.

Тој истакна и благодарност до сите субјекти од земјата и од странство за конструктивниот однос во справувањето со овој општествен предизвик.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …